Поврзете се со нас

Англија

Иста приказна и во новата година: Уште еден одложен меч во Премиер лигата

Објавено

на

Доста проблеми донесе последниов месец во Премиер лигата, а причината за тоа коронавирусот кој ги нападна и фудбалските клубови, па поради тоа мораа да бидат откажани доста натпревари за некои подобри времиња.

Истата таа приказна продолжува и во 2022 година, па така откако стана јасно дека нема да се игра пресметката Лестер-Норич сега стигна веста дека се одложува битката меѓу Саутемптон-Њукасл која беше закажана за 2 јануари од 15 часот.

Причината за тоа се гостите од „Сент Џејмс Парк“ кои понатаму имаат проблеми со заразени и повредени играчи, односно немаат доволен број на фудбалери по што ПЛ реши да им излезе во пресврт како што тоа беше и за дуелот со Евертон на 30 декември.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни