Поврзете се со нас

Балкан

Хрватското дерби без голови, Хајдук и Трајковски ја задржаа предноста на табелата

Објавено

на

Дербито меѓу Динамо и Хајдук мина во знак на иницијативата на домашниот тим кој посакуваше победа поради актуелната ситуација на табелата, но сплитските „били“ го одбранија почетниот резултат 0:0 и остануваат непоразени во дерби пресметките оваа сезона.

Александар Трајковски се врати на клупата на Хајдук по отсуството изминатиот период, но денеска не доби минутажа на „Максимир“, додека Стефан Ристовски и Аријан Адеми беа стартери за домашниот тим.

Домашните фанови се израдуваа во 78. минута, кога Мауро Перковиќ постигна гол, но ВАР собата сигнализираше потреба од проверка на голот, по што главниот судија покажа дека имало играње со рака за време на акцијата.

До крајот резултатот остана непроменет, а од ремито позадоволен може да биде тимот на Хајдук.

Причината е секако предноста од седум бода, со два натпревара повеќе, што практично барем засега значи дека сплитскиот тим би ја задржал првата позиција и со максимален ефект на шампионот на заостанатите дуели.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни