Балкан
Хрватски експерт: Ристовски не може да добие казна на „зелена маса“ за потегот на дербито (Видео)
Осијек и Динамо одиграа 1:1 во големото дерби од 25-то коло во Првата Суперспорт лига на Хрватска, а мора да се напомене дека гостите избегнаа пораз со гол во 94-та минута.
Динамо второ дерби по ред постигнува гол во самата завршница, но пред да дојде до погодокот на Куленовиќ, Стефан Ристовски беше дел од една мешаница која привлече големо внимание.
Куленовиќ и Миерез заработија жолти картони, но голема среќа имаше Ристовски што мина без никаква опомена во оваа ситуација, бидејќи поранешниот капитен му зададе удар на Дарко Нејашмиќ.
Главниот судија не го виде овој момент и истиот не беше прегледан ниту од ВАР, па во инцидентот во кој избегна црвен картон, добра вест за Ристовски е тоа што оваа ситуација не може да биде разгледувана на „зелена маса“ според правилата во Хрватска.
– Проценката на теренот беше дека потегот на Ристовски не е за црвен картон и затоа ВАР собата не смееше да реагира. Судијата не покажа ниту жолт картон. Дисциплинскиот правилник на ХНС е во склад со оние на ФИФА и УЕФА. Јавноста треба да знае дека судиските одлуки се конечни и не може да бидат променети по крајот на еден меч. Такви се правилата, – вели комесарот на хрватскиот фудбал, Јосип Брезни во интервју за „Индекс“.
— Krle Krle (@krlekrle44) March 3, 2024
-
Шпанија19 часа
Џентлменски потег: Реал Мадрид со голема почит го испрати Иниеста во пензија
-
Шпанија17 часа
Гути: Нешто не функционира во овој Реал Мадрид
-
Македонија21 час
ФК Вардар доби унгарски сопственик
-
Германија17 часа
Баерн подготвува „понуда која не се одбива“ за Мусиала
-
Италија20 часа
Капело критикува важен играч на Милан: Создава само негативна енергија
-
Англија21 час
Дефанзивец на Манчестер Јунајтед потврди дека оди на принудна пауза
-
Шпанија24 часа
Иниеста пушти солзи уште при првата реченица: Се одјави како играч, но веќе го најави својот следен чекор (Видео)
-
Репрезентација22 часа
Димитриевски во интервјуто за „Марка“: Цела Македонија сонува за една работа