Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Хаверц со неодбранлив удар му донесе победа на Челси, мајсторија на Иско во Севилја (ВИДЕО)

Објавено

на

Екипите на Челси и Севилја го потврдија статусот на фаворити и издвојуваа победи над Салцбург и ФК Копенхаген во првите два натпревари од денешната програма во Лигата на шампионите.

Премиерлигашот како гостин беше подобар од Салцбург со 2-1 и тоа со два доста атрактивни голови на Ковачиќ и Хаверц. Хрватот мајсторски погоди во 23 минута, но погодокот на Германецот во 64 беше уште подобар затоа што се работеше за удар кој тешко ќе го одбранеа двајца голмани.

Во Севилја пак домашниот состав го надигра ФК Копенахен со 3-0 и тоа со голови во вториот дел од кои најубавиот беше дело на Иско Аларкон. Шпанецот покажа зошто толку години беше дел од Реал Мадрид, па со ремек дело ја запали публиката на „Рамон Санчес Писхуан“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни