Поврзете се со нас

Франција

Гризман искрено: Ми беше тешко кога Мбапе беше избран за капитен

Објавено

на

Членот на Атлетико Мадрид, Антоан Гризман признава дека му требало време да ја прифати одлуката на селекторот Дидие Дешамп нов капитен на француската репрезентација да биде Килијан Мбапе.

По повлекувањето на голманот Иго Лорис се очекуваше токму Гризман да ја презема улогата на лидер, но стратегот се реши за поинакво решение кое Антоан го изненадило, поточно било „тешко да се свари“ таа одлука.

-Беше тешко да се прифати. Имам 32 години и иако имам нозе, знам дека се ближам до крајот на кариерата. Беше тешко да се свари ден или два.

-Јас сум целосно зад нашиот капитен Килијан. Нема да сменам ништо, бидејќи јас сум таков, -порача Антоан за „Телефут“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни