Поврзете се со нас

Италија

Голема победа на Удинезе против лидерот: Несторовски го рани, Фофана го дотолчи Јувентус (ВИДЕО)

Објавено

на

Тимот на Удинезе направи изненадување и славеше над Јувентус со 2-1 во претпоследниот натпревар од 35. коло во Серија А.

На „бјанконерите“ им беше потребна победа на оваа средба за да ја прослават деветта титула во низа во Калчото. Таков резултат имаа во првиот дел кој го реализираа во своја полза благодарение на погодокот на Де Лихт во 42 минута.

Меѓутоа во продолжението од средбата се промени ситуацијата, па така во 52 минута македонскиот репрезентативец Илија Несторовски атрактивно со глава ја смести топката во мрежата на гостите за 1-1.

Ова за Иле беше трет сезонски погодок, прв на домашен терен. Овој резултат беше активен на семафорот се до 92 минута кога Фофана си поигра со дел од играчите на Јуве за да потоа стрела за 2-1 и голема победа во борбата за опстанокот во елитата.

Удинезе сега има 39 и е на 15 место на табелата, Јуве е прв со 80 и веќе во дуелот со Сампдорија на 26 јули може да ја прослави новата титула.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни