Поврзете се со нас

ВТА

Ѓорческа режираше неверојатен пресврт, па пропушти голема шанса да ја шокира првата носителка

Објавено

на

Лина Ѓорческа го заврши своето учество на силниот ВТА турнир во Визбаден во полуфиналето, откако ова попладне пропушти голема шанса да ја совлада првата носителка, Клара Бурел.

Французинката влезе како апсолутен фаворит во пресметката со најдобрата македонска тенисерка и тргна фуриозно, но потоа следеше неверојатен пресврт на фантастичната Лина за водство од 1:0 во сетови.

Бурел ги доби првите четири гејма и поведе со 4:0, но потоа Ѓорческа одговори со импресивна серија од 6:0 и го доби првиот дел од играта со 6:4.

Со водството од 1:0, Македонката беше на пола пат да приреди голем шок во полуфиналето, а мора да се напомене дека дојде многу блиску до тоа во третиот одлучувачки сет.

Вториот и припадна на Бурел со 6:4, додека Лина при резултат 3:1 во третиот пропушти брејк топка за 4:1, по што следеше распад во играта и за жал пораз со конечни 4:6, 6:4 и 6:4.

Турнирот во Визбаден се игра на земјена подлога и наградниот фонд е 80 илјади долари, а покрај Бурел, за главната награда во финалето утре ќе се бори Анда Бондар.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни