Поврзете се со нас

ВТА

Ѓорческа има полски предизвик на стартот на квалификациите во Мелбурн

Објавено

на

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа повторно ќе биде дел од турнир од највисоката категорија, поточно преку квалификациите ќе се обиде да дојде до главната фаза на Австралија Опен.

Пред неколку години Лина беше на чекор од најважниот дел на грен слемот во Мелбурн, поточно беше елиминирана во последното трето квалификациско коло.

Сега Ѓорческа која е 212 рекет на светот тргнува во нова мисија, а за прв предизвик на стартот ја има искусната Катажина Кава. Кава има 31 година и е на 197. место на ВТА листата, нејзиниот најдобар резултат на АО се настапите во првото коло (главниот ждреб) во 2020, 2021 и 2022 година.

Дуелот помеѓу Ѓорческа и Кава се игра во вторник наутро.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни