Поврзете се со нас

АТП

Ѓоковиќ „згрми“ во Париз и дојде до првото место по освоени Мастерс титули

Објавено

на

Најдобриот српски тенисер, Новак Ѓоковиќ е победник на АТП Мастерсот од серијата 1000 во Париз.

Ѓоковиќ во големото финале се соочи со одличниот Данил Медведев од кого во месец септември загуби во финалето на Ју-Ес Опен и со тоа остана без календарски грен слем. Сега ситуацијата беше поинаква, Новак му се реваншираше на Русинот и тоа се пресврт за конечни 2-1 во сетови или поточно 4:6, 6:3, 6:3.

Со оваа победа Ноле само ја заокружи одличната седмица која го врати на првото место на АТП листата и со тоа да го надмине идолот Пит Сампрас. Ова воедно за големиот ас беше шести триумф во Париз или вкупно 37 Мастер титула со што изби сам на првото место или поточно го остави зад себе Рафаел Надал (36).

Сега 20-кратниот грен слем шампион ќе може да се фокусира на завршниот АТП турнир во Торино кој започнува на 14 ноември.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни