Поврзете се со нас

АТП

Ѓоковиќ се расплака во Рим и испрати срцепарателна порака за масакрот во Белград (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/InteBNLdItalia

Новак Ѓоковиќ го имаше својот прв настап по кратката пауза и успеа да тргне победнички на Мастерсот во Рим, но светскиот рекет број еден без многу емоции го прослави триумфот над Аргентинецот Мартин Ечевери.

Причина за тоа е ужасната трагедија која се случи во неговиот Белград пред 9 дена, кога младо момче направи масакр во основното училиште „Рибникар“, каде животот го загубија осум млади ученици, како и човекот задолжен за обезбедување на објектот.

По остварената победа, Новак со горлчив вкус говореше за овој ужасен настан кој го потресе цел региом, а при интервјуто се расплака во обидот да ги утеши родителите кои ги загубија своите најмили.

– Сакам само да кажам на сите дека ми е жал за тоа што се случи. Немав можност да се обратам во јавност до денеска. Жал ми е за масакрот и она што за жал се случи во основното училиште Рибникар. Мое сочувство до семејствата на починатите деца.

– Јас како татко на две мали деца, можам само да замислам како се чувствуваат родителите. Им посакувам само сила и љубов, се надевам дека ќе го преболат ова…. Поздрав на сите луѓе кои го слават Василије Острошки, – порача Ноле кој не можеше да се воздржи.

Претходно, Ноле на официјалната телевизиска камера ја напиша следната порака:

– Свети Василије Острошки го моли Бог за нас. Основно училиште „Рибникар“.

Видеото од обраќањето на Ноле погледнете го ТУКА

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни