Поврзете се со нас

АТП

Ѓоковиќ се намачи против млад Аргентинец, но пронајде сили и се пласираше во третото коло во Рим

Објавено

на

Foto:twitter.com/InteBNLdItalia

Новак Ѓоковиќ го нема посакуваниот континуитет на натпревари на земјена подлога во подготовката која ја прави за Ролан Гарос, а тоа можеше да се забележи и на денешниот меч од втората рунда во Рим.

Србинот долго се мачеше да ги пронајде своите најдобри удари во дуелот со младиот Аргентинец Мартин Ечевери, па отпорот мораше да го урива дури во тајбрејкот во првиот сет.

Ечевери направи изненадување со прикажаното ниво во првиот сет и успеа да поведе со 3:0 во тајбрејкот, но Новак се разбуди навреме и успеа да го сврти резултатот во своја корист.

Откако ја доби оваа игра со 7:5, Ноле заигра на доста повисоко ниво и почна да доминира во рели играта, па со своите удари од основната линија му зададе два важни удари на противникот.

Ѓоковиќ направи два брејка и со 6:2 се пласираше во третата рунда, каде противник ќе му биде Григор Димитров.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни