АТП
Ѓоковиќ преживеа „црна дупка“, па стигна до драматична победа во Париз

Новак Ѓоковиќ не беше на своето препознатливо ниво и имаше и физички проблеми во првиот и вториот сет, но успе да ја преживее „црната дупка“ и на крајот да излезе како победник.
По којзнае кој пат во кариерата, светскиот рекет број еден покажа дека е неуништлив и кога изгледа многу ранливо, па иако Талон Грикспор направи пресврт и освои пет гејма во низа во првиот сет, во продолжение не можеше да ја приведе до крај планираната сензација.
Ноле имаше голем пад во средината на првиот сет и Грикспор освои 11 поени во низа, а иако тоа го однесе од 1:4 до 6:4, Холанѓанецот беше свеесен дека има уште многу работа пред себе.
Ѓоковиќ не изгледаше свежо и во најголем дел од вториот сет немаше решение за сервис гејмовите на противникот, но во тајбрејкот одново ја покажа својата класа и истрајност.
Новак му препушти само два поена на Грикспор и со 7:2 израмни на 1:1, а потоа во клучниот трет сет доволен му беше еден брејк за триумф од 6:4 и пласман во четвртфиналето на Мастерсот во Париз, рунда во која ривал ќе му биде подобриот од последниот дуел кој се игра денеска, оној меѓу Руне и Алтмајер.
-
Англијапред 23 часа
Храбриот Лутон падна во 97. минута, Рајс е херојот на Арсенал (ВИДЕО)
-
Светпред 10 часа
„Бомба“ од Шкотска: Селтик ќе урива трансфер рекорд за да го доведе Миовски!
-
Англијапред 15 часа
Непроценливо видео: Раја прими смешен гол, Рамздејл му фаќаше сеир од клупата за резерви
-
Светпред 24 часа
Белингем: Сонувам, секој ден се плашам дека некој ќе ме разбуди
-
АТПпред 15 часа
Љубичиќ: Синер не е како Алкарас…
-
Шпанијапред 12 часа
„АС“: Флорентино со нов ултиматум му дава последна шанса на Мбапе
-
Англијапред 8 часа
Ѕвезда на Јунајтед се пожали: Критиките од легендите на овој клуб уништуваат животи!
-
Англијапред 14 часа
Гвардиола со ниска провокација го „поздрави“ Карагер, легендата на Ливерпул подготви одговор (Фото)