Поврзете се со нас

Германија

Германија во комплетно ново руво ќе пристигне во Скопје: Флик ги избра и асистентите!

Објавено

на

Најавата на Ханси Флик за заминување од Баерн Минхен беше зачеток за еден домино ефект во Германија кој брзо почна да се остварува, бидејќи од оваа земја пристигна вест за брза реализација и на третата операција во овој потесен круг.

Јулијан Нагелсман веќе беше потврден како нов тренер на Баерн за наредните пет сезони, Ред Бул Лајпциг исто така експресно одговори и го назначи Џеси Марш за негов наследник, но како што пишува минхенскиот весник „Абендцајтунг“, пред само завршница се и преговорите меѓу Флик и германскиот фудбалски сојуз.

Откако спогодбено стави крај на својот престој на „Алијанц арена“, повеќе од јасно беше дека Флик е прв кандидат за селекторската функција, место кое ќе остане празно по крајот на Европското првенство. Јоаким Лев ги брои последните два месеци како селектор на Германија, а „Абендцајтунг“ информира дека Флик веќе си подал рака со Федерацијата, по што веста ќе биде официјално соопштена во блиска иднина.

Истиот извор потенцира дека договорот ќе биде јавно објавен наредната седмица, односно пред натпреварот меѓу Баерн Минхен и Борусија Менхегладбах, на кој баварците ќе бркаат потврда на титулата во Бундеслигата.

Асистенти на Ханси Флик во германската репрезентација ќе бидат Мирослав Клосе и Дани Роле, што значи дека Германија ќе дојде во комплетно ново руво на гостувањето во Скопје во следниот репрезентативец прозорец од квалификациите за Светското првенство.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни