Поврзете се со нас

Англија

Габриел од трагичар до херој на перфектниот Арсенал (Видео)

Објавено

на

Арсенал стигна и до четвртата победа во серија во Премиер лигата, денеска победувајќи во градското дерби со Фулам (2:1).

Но, тимот на Микел Артета не стигна воопшто лесно до бодовите, посебно ако се знае дека големата грешка на Габриел му овозможи на Митровиќ да го доведе Фулам во водство во 56. минута.

Сепак, Арсенал брзо се врати во натпреварот, капитенот Одегард постигна нов важен погодок и осум минути по негативата, „топчиите“ го вратија дуелот на почеток.

Решавачкиот момент се случи во 86. минута, кога Габриел овојпат ги израдува фановит и постигна гол по прекин, постигнувајќи ги конечните 2:1.

По четири кола, Арсенал е единствен ПЛ тим со перфектен учинок, а следуваат Манчестер Сити и Брајтон со два бода помалку.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни