Поврзете се со нас

Свет

Фердинанд објасни зошто Роналдо и Анри не го сакаат Кристијано

Објавено

на

Foto:instagram.com/rioferdy5

Роналдо Назарио не го смести Кристијано Роналдо во листата на осумте најдобри напаѓачи на сите времиња, а тоа отвори една дебата во која се приклучи и Рио Фердинанд.

Легендарниот стопер смета дека постои мала резерва од „Феноменот“ Назарио секогаш кога зборува за португалскиот Роналдо, но истиот став го има изградено и за Тјери Анри.

– Јасно е дека постои некој проблем. Мислам дека е поради името, Бразилецот Роналдо сигурно мисли дека тој му го „одзема името“, па затоа има проблем со него.

– Истото е и со Анри. Тјери го има истиот став за него. Начинот на кој зборува за Кристијано, се обидува да сокрие многу работи, не кажува многу работи. Кога зборува за него, тоа го прави без никаква искра, се обидува да го минимизира неговото значење.

– Има еден клип од дерби на „Хајбери“ кога Анри го потапка Роналдо за главата, а Кристијано му возврати со туркање. Кристијано го постигна победничкиот гол на тој натпревар. Цела оваа приказна има своја позадина, па најверојатно во мислите на Тјери се уште се тие моменти, – објаснува Фердинанд.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни