Поврзете се со нас

Македонија

„Џинот“ Рикиќ потпиша за Работнички, Караџовски повторно ќе игра за Кожув

Објавено

на

Македонските кошаркарски прволигаши, Работнички и Кожув договорија засилувања за натпреварувачката 2023/2024.

Некогашниот член на МЗТ Скопје, 219 сантиметри високиот Роберт Рикиќ ќе го носи дресот на Работнички во престојнава кампања.

Рикиќ е многу искусен играч кој во Македонија има настапувано и за Еуро Никел, поточно се враќа во домашната кошарка по една година мината во Чешка во Пардубице.

Димитар Караџовски пак по трет пат во својата кариера ќе биде дел од составот од Кожув, Првиот мандат му беше од 2012/2014, вториот од 2019 до 2021, па сега се враќа во црвено белата фамилија по епизодата во Пелистер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни