Поврзете се со нас

Евролига

Џејмс го собори рекордот на Спанулис и предизвика прекин на дуелот во Монако (Видео)

Објавено

на

Евролигашкиот натпревар меѓу Монако и Црвена Звезда доживеа прекин во првото полувреме, но не поради инцидент, туку поради однапред подготвеното сценарио на организаторите на европското елитно кошаркарско натпреварување.

Кратката пауза започна откако Мајк Џејмс реализираше за два и стигна до тринаесеттиот поен на средбата, со што стана најдобар стрелец во историјата на Евролигата.

Американецот од Портланд стигна до 4457 поени во ова натпреварување, соборувајќи го досегашниот рекорд на Василис Спанулис, кој изнесуваше 4455 поени. На третото место е Нандо Де Коло со 4396 поени.

Џејмс пристигна во Европа во 2012 година и тоа во редовите на Загреб, имаше не толку атрактивни ангажмани во Израел и Грција, за ситуацијата да се промени по блесокот во редовите на Басконија.

Потоа беше член на неколку елитни европски клубови, имаше неколку излети во НБА, а од 2021 година е предводник на Монако.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни