Поврзете се со нас

Олимписки игри

Две легенди: Гасол и Скола имаат по 41 година, денеска водеа уште една битка (ФОТО)

Објавено

на

Селекцијата на Шпанија славеше над Аргентина со 81-71 во последниот меч од денешната олимписка програма во Токио, победа со која „црвената фурија“ обезбеди пласман во четвртфиналето на овој турнир.

Нова мајсторска партија имаше Рики Рубио со 26 поени, 5 скокови и 4 асистении, додека пак на спротивната страна на „гаучосите“ не им беа доволни ниту 27 кошеви на најновото засилување на Барселона, Николос Лапровитола.

Ова воедно беше дуел кој донесе и еден емотивен, специфичен момент затоа што одново на едно место, еден против друг можевме да ги видиме легендарните Пау Гасол и Луис Скола. Двајцата имаат по 41 година, ама националниот тим за нив секогаш е светост, даваат се од себе и се тука за да помогнат.

Скола беше 29 минути на паркетот и уфрли 13 поени, Гасол пак 17 минути за кои даде 9 поени и собра 8 скокови.

Инаку Луис и Пау првиот дуел го имале во 2000 година, Аргентинецот за Хихон даде 20 кошеви, додека пак тогаш младиот Шпанец во дресот на Барселона беше автор на 12 поени.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни