Поврзете се со нас

НБА

Дончиќ: Не гледам НБА на ТВ, повеќе следам Евролига (ВИДЕО)

Објавено

на

Лука Дончиќ е еден од најдобрите играчи во НБА лигата, а тоа уште еднаш го потврди во пресметката против Њу Орлеанс Пеликанс каде реализираше 34 поени со 10 скока и 10 асистенци или поточно дојде до 55. трипл дабл во кариерата.

Со ваквите изданија ѕвездата на Далас Маверикс влегува во најтесната конкуренција за МВП наградата, меѓутоа тоа не е фокусиран на тоа, па дури и не ги прати неговите конкуренти, односно ретко гледа НБА натпревари затоа што повеќе ужива гледајќи дуели од Евролигата.

-Гледам некои НБА натпревари, но повеќе следам Евролига отколку НБА. Ако има навистина добар НБА натпревар на ТВ, тогаш ќе го гледам, -порача Лука.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни