Поврзете се со нас

АТП

Деари загуби од четвртиот носител во Пазарџик

Објавено

на

foto: www.mtftennis.mk

Македонскиот тенисер, Шендрит Деари не успеа да направи изненадување против четвртиот носител на ИТФ фјучерсот во Пазарџик, Бугарија.

Деари успешно ги мина квалификациите на овој турнир, но доби силен ривал за почеток на главната фаза и тоа Дамиан Венгер од Швајцарија.

23-годишниот Венгер славеше со 2-0 во сетови со 6-3 и 6-2 на теренот број три.

Овој настан се игра на земјена подлога за награден фонд од 25.000 долари.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни