Англија
Челси ќе му плати на фудбалер за да се пресели во друг клуб
Постојаните инвестиции на Челси во нови фудбалери придонесуваат често во ростерот да има и неупотребувани фудбалери, кои истовремено добиваат и големи плати.
Во таква ситуација е и Рос Баркли, играчот за врска кој никогаш не успеа да се наметне како прв избор и повремено добиваше минутажа, а кого Челси сега се обидува да го елиминира од платниот список.
Баркли заработува 200.000 фунти неделно, па сега лондонскиот клуб е решен да му плати фиксна отштета, само да прифати понуда од друг клуб, каде би играл наредниот период.
Челси плати 15 милиони фунти за Баркли во 2018 година, а оттогаш забележа 100 настапи за „сините“, при што една сезона беше позајмен во Астон Вила.
Се претпоставува дека Баркли може да заврши во некој премиерлигашки клуб, но барем засега Челси нема добиено конкретна понуда.
-
Светпред 21 час
Аргентинците се збогуваа со голема легенда: Ти благодариме, Флако (1938-2024)
-
Англијапред 22 часа
Нова повреда за кулминација на стоперската криза кај Манчестер Јунајтед
-
Англијапред 23 часа
Мојс се извини за тешкиот пораз кој ќе му го потпише отказот во Вест Хем
-
Шпанијапред 11 часа
Само два клуба од Ла Лига не му ја честитаа титулата на Реал Мадрид (Фото)
-
Италијапред 20 часа
Инѕаги открил што побарал од раководството на Интер за следната сезона
-
Англијапред 23 часа
Ливерпул го надигра Тотенхем и им се врати на победите во Премиер лигата (ВИДЕО)
-
Балканпред 10 часа
Ристовски откако доживеа ужасни прозивки од фановите на Риека: Не ве мразам, но веќе не ве почитувам! (Фото)
-
Шпанијапред 8 часа
Чуамени ја сподели легендарната изрека на Коби по освоената титула во Ла Лига (Видео)