Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Чави и играчите заедно ќе навиваат за Плзен: Што и да се случи, сакаме да го победиме Баерн

Објавено

на

Барселона освои само четири бода по првите четири меча во Лигата на шампионите, учинок кој се стави во лоша позиција пред завршните две рунди, односно во моментов ништо не зависи од нив од проста причина што Интер излезе како победник од нивниот двомеч.

Утре каталонците се соочуваат со Баерн Минхен, меч кој за шпанскиот вицешампион може да нема никако значење кога е во прашање ЛШ ако Интер претходно биде подобар од Плзен.

На „Камп Ноу“ се свесни за ситуацијата, па утре сите заедно ќе се соберат и ќе го следат дуелот во Милано кој е закажан за 18:45 часот.

-Повеќе од верувањето во чуда, ние одржуваме мала надеж дека нешто може да се случи. Видете, комплицирано е, ние сме во непријатна ситуација кога повеќе не зависиме од себе, но никогаш не треба да губите надеж. Ќе се сретнеме на „Камп Ноу“ два часа пред натпреварот со Баерн и ќе го следиме натпреварот на Интер. Сите заедно ќе го гледаме во соблекувалната пред да играме, -истакна тренерот Чави Ернандес кој воедно порача дека неговата екипа ќе ги брка трите бода против баварците без разлика што и да се случи на „Џузепе Меаца“.

-Баерн е интензивен, физички, добро трениран тим, еден од најдобрите во светот и тоа е важен натпревар за нас без оглед на тоа што се случи во Милано. Сакаме да победиме на овој натпревар и да покажеме дека можеме да се натпреваруваме на ова ниво. Кога загубивме во Минхен, игравме добро, но не бевме клинички пред голот и резултатот беше лош. Овој пат ги сакаме перформансите и резултатот,-заклучи тренерот на второпласираниот тим во Примера.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни