Поврзете се со нас

Италија

Бонучи добил лоша вест од Алегри и Јувентус

Објавено

на

Леонардо Бонучи најави дека ќе ја заврши кариерата по завршувањето на договорот со Јувентус, но италијанскиот клуб уште ова лето му посочил дека не е во плановите на тренерот Макс Алегри.

На почетокот на подготовките за новата сезона, Бонучи добил информација од спортскиот сектор дека нема да биде во прв план во текот на сезоната, па самиот треба да реши дали ќе остане во клубот.

Минатата сезона Бонучи пропушти многу натпревари поради различни повреди и беше јасно дека не може да се врати во препознатливата форма, а Јувентус сезонава сака да им даде поголема минутажа на помладите дефанзивци, вклучувајќи ги и Хујсен и Де Винтер од младинската академија.

Според договорот, во последната сезона Бонучи ќе заработи 50 проценти од досегашната плата (6 милиони евра), но ветеранот бил подготвен на тоа и веројатно нема да сака да ја завршува кариерата во друг клуб.

Бонучи дојде во Јувентус во 2010 година, а една сезона помина во Милан, по што експресно се врати во Торино.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни