Поврзете се со нас

Балкан

Богатинов заработи црвен картон, Тричковски постигна гол во „македонското дерби“ на Кипар (Видео)

Објавено

на

foto:www.facebook.com/AEKLARNACAOFFICIAL

Денеска на програмата беше „македонското дерби“ на Кипар и силите ги одмерија дури четири наши фудбалери, а како победник излезе оној најискусниот.

Иван Тричковски е жива легенда на АЕК Ларнака и ја носеше капитенската лента откако влезе во игра, но покрај тоа, постигна и еден од двата гола во вториот дел.

Неговиот тим победи со 0:3 на гостувањето кај Етникос Ахна и тој беше стрелец на погодокот за 0:2, а вреди да се нагласи дека гостите го играа цел втор дел со играч повеќе.

Македонскиот голман Мартин Богатинов заработи директен црвен картон во 42-та минута поради прекршок надвор од шеснаесетникот, но покрај него, дел од овој меч беа уште двајца наши фудбалери.

Стефан Спировски и Кире Ристевски беа стартери за Етникос, но сепак не можеа да му помогнат на домашниот тим да избегне пораз.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни