Билијард и Снукер
Блендијан Ќазими го освои младинското првенство во снукер

Во последниот викенд од годината, младинците го имаа последниот збор со посебен турнир на кој беше решено прашањето за титулата.
Младите надежи на македонскиот снукер во одличната атмосфера на Гранклуб одиграа фантастичен турнир. Иако првенството беше во конкуренција на играчи до 18 години, просечната возраст на играчите беше 13 години, што гарантира светла иднина на овој спорт во нашата земја. Турнирот беше организиран од страна на Националната снукер федерациаја САСМ со систем вкрстување секој со секого, но се чини по одигрувањетото на најголемиот дел на мечевите, пресуден беше оној помеѓу Блендијан Ќазими и 11-годишниот Андреј Ѓурчиновски (највисок брејк на турнирот од 24поена), кој воедно важи за голема надеж и во билијардот.
Двајцата влегоа во дуелот без изгубен меч и приредија вистинско неизвесно финале во кое сепак повозрасниот и поискусен снукер играч од Кичево излезе како победник и без изгубен меч, заслужено го подигна трофејот. Вредно е да се спомне и одличниот отпор во првото коло на Марко Величковски против шампионот, на кого му требаа поени од снукер да се врати во фрејмот и со многу трпение успеа во тоа. Истата ситуација ја имаше и дебитантот и најмладиот на турнирот, Делиниколов кој ја прокоцка предноста и со казнени поени не приреди изненадување над поскусниот Теодор Величковски.
Со ова заокрежен е натпреварувачкиот циклус во оваа снукер сезона. Следува мал пауза и период за подготовки за Европското првенство во Лублин, Полска, кое е закажано во април. Тоа е прва шанса нашите снукер играчи да настапат и вкрстат со најдобрите европски снукер аматери во сениорска, јуниорска и „6 црвени“ категорија.
-
Шпанијапред 17 часа
Огромна промена: Реал Мадрид го замени главниот спонзор со уште поголем гигант
-
Италијапред 22 часа
Игуаин за проблемот во Италија: Јувентус ангажираше фотограф за мојата тежина
-
Англијапред 18 часа
Кепа го избра најдобриот светски голман и испофали еден досегашен соиграч: Реал доби огромно засилување
-
Францијапред 22 часа
ПСЖ го активира планот Б откако остана без примарната трансфер цел
-
Англијапред 9 часа
Синклер: Постојат три причини за заминувањето на Мане од Ливерпул, главната е Клоп
-
Светпред 23 часа
„АС“: Роналдо се премислил и сака да си оди од Јунајтед, се отвора можност за сензационален трансфер
-
Италијапред 17 часа
Канаваро со бомбастичен трансфер предлог до Наполи: Ако бев на местото на Де Лаурентис……
-
Шпанијапред 16 часа
Барселона не го заборави Меси и го поздрави со едно специјално ремек-дело (Видео)