Поврзете се со нас

Шпанија

„Билд“: Реал го има пикирано наследникот на Анчелоти за наредната година

Објавено

на

Foto:twitter.com/realmadrid

Чаби Алонсо ги отфрли сите шпекулации за негово заминување од Баер Леверкузен уште ова лето, откако во период од неколку месеци успеа да направи неверојатен пресврт во тимот кои изгледаше загубено и многу лошо на стартот на сезоната.

Легендарниот играч за врска реши да го „пече“ занатот подалеку од својата Шпанија и првиот сериозен тренерски ангажман му беше Леверкузен, но бидејќи добро се покажа во многу краток период, веќе на адреса има многу примамливи понуди.

Со стилот на игра кој го негува и педантноста која беше дел и од неговата играчка кариера, Чаби сигурно ќе добие шанса во голем клуб во блиска иднина, а угледниот „Билд“ тврди дека тоа ќе се случи за точно една година.

Познатиот германски таблоид информира дека Чаби ќе заврши во Реал Мадрид по крајот на сезоната 2023/24, која веќе познато е дека ќе биде последна за Карло Анчелоти како тренер на „кралевите“.

„Билд“ информира дека клубот од шпанската престолнина го „резервирал“ Чаби уште отсега, бидејќи во него гледа идеален кандидат за наследник на човекот кој ќе замине да биде селектор на Бразил.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни