Поврзете се со нас

Европски првенства

Бензема за тоа дали е подготвен за ЕП: Имав голема болка…

Објавено

на

Напаѓачот на Реал Мадрид, Карим Бензема по подолга пауза се најде на списокот на францускиот селектор Дидие Дешамп и тоа за Европското првенство каде „триколорите“ ќе целат кон пехарот.

Бензема се најде во групата од 26 играчи, но на последниот подготвителен меч против Бугарија тој се повреди и мораше предвреме да го напушти теренот во Париз. Секако по ова имаше многу дилеми, прашања за тоа дали Карим ќе биде подготвен и дали ќе може да игра на шампионатот за да сега конечен одговор добиеме токму од самиот голгетер кој испрати јасна и директна порака.

-Се е во ред. Вчера бев во можност да го продолжам тренингот со групата. Немаше болка. Не размислував за фактот дека можев да останам без настап на ЕП. Тоа беше голема болка, но беше само удар. Не беше неопходно да останам повеќе минути на тренеот и за да не форсирам решив да излезам.

-Имаме многу добар медицински персонал, така што сè беше направено многу брзо. Ако вчера го продолжив тренингот со групата, тоа е затоа што немам непријатност, болка. Се чувствувам добро, работев во теретана и 100 проценти сум подготвен, -истакна членот на Реал.

Франција е во групата на смртта заедно со Германија, Португалија и Унгарија.

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни