Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Барселона тргнува со формација 4-3-3, Инѕаги направи само една промена во почетната постава

Објавено

на

Барселона и Интер го играат дербито во Лигата на шампионите, а двајцата тренери Чави Ернандес и Симоне Инѕаги ги избраа играчите кои ќе истрачаат на тревникот на „Камп Ноу“.

Сосема очекувано домаќините ќе тргнат офанзивно во формација 4-3-3 во која најголема опасност покрај Левандовски треба да бидат Рафиња и Дембеле.

На голот ќе биде Тер Штеген, пред него Роберто, Пике, Гарсија и Алонсо, додека средината на теренот ќе ја покриваат Педри, Гави и Бускетс.

Инѕаги пак се реши да игра на проверена опција, односно направи само една измена во тимот кој минатата седмица ги доби каталонците со 1-0. Тоа е Един Џеко кој ќе го заземе местото на повредениот Хоакин Кореа, односно ветеранот ќе му рпави друштво на Мартинез.

Онана е на голот, Бастони, Де Вриј и Шкриниар пред него, додека тука се уште Ди Марко, Чалханоглу, Мхитарјан, Барела и Дамфрис.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни