Поврзете се со нас

АБА лига

Барселона го доби трилерот во „Палау Блауграна“, титулата може да ја освои во Мадрид

Објавено

на

foto:twitter.com/FCBbasket

Екипата на Барселона издвојува уште една победа над Реал Мадрид во финалната серија во АЦБ лигата.

Домашниот тим се избори за мининален триумф од 86-85 и сега е многу блиску до лигашкиот трофеј, поточно за истиот потребен им е уште еден триумф кој можат да го остварат во Мадрид со оглед на тоа што пресметака сега се сели во шпанската престолнина.

Многу борба донесе вечерашниот натпревар во „Палау Блауграна“, двата состави имаа свои добро моменти, но и „празни минути“, решаваа нијасни, моменти, одлуки на играчите, па и среќата која беше на страната на избраниците на Јасикевичиус.

Миротиќ блескаше и уфрли 25 поени со 5 скока и 3 асистенции, Весели додаде 18 кошеви, а по десет кошеви уфрлија Калиниќ, Јокубаитис и Лапровитола.

Хезоња и Љуљ искомбинираа 33 поени за „кралевите“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни