Поврзете се со нас

Репрезентација

Бајиќ: Секоја селекција ја почитуваме, ама не стравуваме од никого!

Објавено

на

Македонската кошаркарска репрезентација ги доби ривалите за претквалификациите за Светското првенство-тоа се селекциите на Швајцарија и Словачка.

Toa се национални тимови со кои игравме во  претходниот претквалификациски циклус за пласман на ЕП што значи добро ги познаваме нивните квалитети. Селекторот Драган Бајиќ ги почитува ривалите, но верува дека токму од нас ќе зависи како ќе завршат дуелите кои се на програмата во месец август.

-За ова би го нарекол, прекратко време, веќе собрав неколку забелешки за нашите противници во претквалификациите. Секако и со ваша мала помош. Јасно е дека станува збор за добро познати противници, селекции кои беа во истата линија со нашата селекција во претходниот квалификациски циклус за пласман на Евробаскетот. Тоа би ребало да биде некоја олеснителна околност.

-Она што можам да го кажам дека селекцијата на Швајцарија заслужува максимален респект за она што го направи во оние последни квалификации за ЕП. Не е мала работа да се победи една велесила како Србија, макар и во еден комбиниран состав. Тоа треба да ни биде одредница како да се поставиме во августовските натпревари.

-Словачка го има Кајл Кјурик, еден од носителите на играта на Барселона. Да не заборавиме на Бродзијански, еден исто така одличен играч кој игра заедно со Нено Димитријевиќ во шпанскиот Хувентуд. Но сепак, тоа се само некои првични информации. Имаме време за целосни анализи на ривалите, -вели Бајиќ и додава:

-„Знам едно нешто. А тоа е, кога веќе сме влегле во една ваква работа, не треба да се плашиме од никој. Реков, респект за секого, но ние мора да изградиме едно високо ниво на самодоверба. Само така можеме да ги минуваме пречките кои стојат на нашиот пат. Почнувајќи уште од првиот собир, таму некаде во текот на летото. Само да бидеме живи и здрави, се ќе биде како што треба, -порача тренерот на Игокеа.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни