Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Алушовски: Ако го неутрализираме најдоброто оружје на Порто, ќе може да славиме втора победа во Скопје

Објавено

на

Атмосферата во редовите на Вардар е далеку подобра и порелаксирана по победата која беше остварена над Флензбург, за што сведочи и тренерот Стевче Алушовски во својата најава за вториот дуел во Лигата на шампионите на домашен терен.

Вардар одново ќе игра во „Јане Сандански“ во период од пет дена, овојпат против Порто кој пристигнува во Скопје по големата победа која ја оствари против Пик Сегед на домашен терен.

Тренерот Алушовски нагласи дека тој и неговиот стручен штаб добро го анализирале Порто и знаат што можат да очекуваат на теренот, па го нагласи и нивното главно оружје за кое бара одговор од своите ракометари.

– Атмосферата е далеку подобра, се крена на едно повисоко ниво по победата која ја остваривме над Флензбург. Сепак, сега сме насочени кон Порто и добро го анализиравме нашиот следен противник во Лигата на шампионите.

– Веруваме во добар резултат и победа, за нас клучно ќе биде да го неутрализираме нивното главно оружје. Тоа е играта „7 на 6“, главното оружје на Португалците. Ќе се потрудиме да оствариме втора победа во Лигата на шампионите, – изјави вардаровиот тренер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни