Поврзете се со нас

АТП

Алкарас разочаран од својот настап: Ова беше срамно ниво на тенис…

Објавено

на

foto: twitter.com/usopen

Карлос Алкарас ја имаше улогата на фаворит во пресметката со Александер Зверев, но Шпанецот наиде на противник кој му одржа лекција и го остави без место во полуфиналето на Аустралијан Опен.

Алкарас одигра далеку под своето ниво, првиот сет го загуби со 6-1, вториот со 6-3 за да во третиот се разбуди кога противникот сервираше за победа и успеа преку тај-брејк да се избори за четврта рунда во која Зверев со 6-4 го заокружи дуелот и закажа полуфинале со Данил Медведев.

-Мило ми е што го завршив третиот сет играјќи одличен тенис. На почетокот на четвртиот сет не можев да останам на ова ниво. Но како и да е, најдов начин да го скршам. Мислам дека имав шанса на 4:3 во четвртиот сет. Не го искористив тоа. Играв добар тенис во четвртиот сет. Очигледно тоа не беше моето најдобро ниво, но тој беше добар. Не ги искористив моите шанси, имаше многу осцилации со нивото на мојот тенис, но и со сервисот. Не успеав да најдам добар сервис. Така што беше тешко да се справам со тој притисок што ми го правеше секогаш кога сервирав.

-Тоа е тоа. Треба да ја подигнам играта. Сè уште треба да работам на тоа, па ќе видиме во иднина. Но, ова беше мое срамно ниво на тенис, -рече Карлос кој даде и генерален заклучок за турнирот.

-Ова беше добар турнир за мене, стигнав до четвртфиналето, играв добар тенис. Како што реков, тажен сум поради тоа што денеска го покажав, бидејќи во претходното коло играв добар тенис со многу самодоверба. Генерално , среќен го напуштам турнирот, заборавајќи на денешното ниво, одиграв одлични натпревари овде, четвртфиналето на грен слем е добар резултат, но не и она што го барам, -заклучи енергичниот Шпанец.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни