Поврзете се со нас

АТП

Алкарас призна дека е опседнат со Ѓоковиќ: Тој ми е во мислите на секој тренинг (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/usopen

Карлос Алкарас загуби во полуфиналето во Пекинг и направи чекор назад во обидот да се врати на првото место на АТП листата, кое и натаму му припаѓа на Новак Ѓоковиќ кој имаше импресивна американска турнеја.

Шпанецот не успеа да освои ниту еден турнир во август и септември и му го препушти тронот на српскиот рекордер, кој иако не игра во овој период, сепак и натаму важи за светски рекет број еден.

Алкарас беше сопрен од Синер пред неколку дена и сега се насочува кон останатите предзивици кои го чекаат во Азија, пред кои нагласи дека мисли на Ноле на секој тренинг.

– Нема да лажам, речиси на секој тренинг мислам на Ѓоковиќ. Кога тренирам, влегувам со цел, кога одам на турнирите, исто такам имам цел. Целта е да бидам светски рекет број еден до крајот на годината, па мислам на Ѓоковиќ на секој тренинг.

– На секој тренинг морам да бидам најдобар што можам. Морам секоја топка да ја одиграм со сто отсто од мене, само така ќе можам да го стигнам, – вели 20-годишниот Шпанец.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни