Поврзете се со нас

Балкан

Адеми незадоволен по ремито со Хајдук: Судијата премногу ја сецкаше играта

Објавено

на

Есенскиот дел на хрватското првенство е комплетиран со дербито меѓу Динамо и Хајдук, кое заврши без голови, резултат кој повеќе оди во корист на гостинската екипа.

Аријан Адеми и Стефан Ристовски беа стартери за „модрите“, но нивниот тим не ја искористи иницијативата за да стигне многу важна победа, а еден од нашите интернационалци смета дека дел од вината оди и кај судијата.

– Разочарани сме, ова беше право дерби со многу дуели и картони.

– Судијата премногу ја сецкаше играта и не успеавме да го обезбедиме потребниот ритам, да го направиме потребниот притисок.

– Имавме наши шанси, ги минимизиравме нивните, но на крајот не успеавме да победиме. Не е убаво кога ја гледаме табелата, свесни сме за тоа, сега треба да одмориме и да се подготвиме добро за вториот дел, – рекол Адеми.

Динамо има седум бода помалку од Хајдук, исто како и два натпревара помалку од својот ривал.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни