Поврзете се со нас

Англија

Зинченко ги импресионираше фановите на Арсенал со потегот на дуелот со Фулам (Видео)

Објавено

на

Фановите на Арсенал се презадоволни од почетокот на сезоната и лидерската позиција во Премиер лигата, а можат да бидат горди и поради начинот на кој се однесуваат фудбалерите и нивната поврзаност на и надвор од терените.

Пример за тоа е Олександар Зинченко кој вчера не беше во комбинација за дуелот со Фулам, но доминираше покрај теренот.

Украинецот жестоко го прослави голот за победа на Габриел, иако беше поштеден поради ситна повреда, но се најде и во една жестока кавга со четвртиот судија.

Зинченко кој носеше поинаква опрема од соиграчите на клупата, реши да влезе во дуел со судијата, па претставници на Арсенал мораа да го туркаат кон клупата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни