Поврзете се со нас

НБА

Вембанјама ги тероризираше ѕвездите на Голден Стејт, заврши со повеќе блокади од скокови (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/spurs

Виктор Вембанјама уште еднаш го покажа својот потенцијал во пресрет на дебитантската сезона во НБА лигата, правејќи им сериозни проблеми на ѕвездите на Голден Стејт Вориорс во последниот подготвителен натпревар.

Сан Антонио победи во дуелот на екс шампионите, а Французинот имал повеќе блокади од скокови, односно го завршил дуелот со 19 поени, 5 блокади и 4 скокови.

Вембанјама ги тероризираше ѕвездите на „воините“, па Кари, Томпсон, Вигинс и останатите не можеа да шутнат како што треба кога имаа дуел со 224 сантиметри високиот Французин.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни