Поврзете се со нас

Македонија

Васиљев го посочи главниот „виновник“ за преселбата во Еурофарм Пелистер

Објавено

на

Еурофарм Пелистер донесе доста нови играчи за престојнава сезона, а еден од нив е рускиот интернационалец Денис Васиљев.

Васиљев во минатата година беше дел од Мотор Запорожје, а претходно настапуваше за Динамо Астрахан, Чеховски Медведи и Шартр што е доволен доказ дека се работи за еден искуен играч кој ќе може доста да понуди на позицијата кружен напаѓач.

Денис веќе официјално беше преставен во Битола, а како главен виновник за неговото доаѓање во Македонија го посочи неговиот агент.

-Опцијата да дојдам во Македонија ми ја предложи мојот агент. Ми се допадна идејата, клубот и неговите цели и веднаш се согласив да дојдам во Битола, -рече Русинот и додаде:

-Добро ги одбработивме подготовките во Маврово, физичкиот дел посебно беше напорен. Групата ракометари добро ме прифати, пријатни луѓе и професионалци. Од моите нови соиграчи ги познавав од претходно Пешевски и Радовиќ, а сум играл и против македонските ракометари во дресот на руската репрезентација, -заврши новото име во редовите на македонскиот вицешампион.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни