Поврзете се со нас

Македонија

Вардар со сигурна победа се загреа за дербито со Пелистер

Објавено

на

Составот на Вардар 1961 го положи последниот испит пред дерби соочувањето со Еурофарм Пелистер во плејофот во Суперлигата.

Поранешниот македонски шампион беше подобар од тимот на Бутел со 30:21. Гостите беа рамноправи до 10-10 по што до крајот на првиот дел фаворитот направи серија од 6-1 и на пауза замина со 16-11.

Потоа се беше полесно за избраниците на Недановски кои рутински ја довршија започнатата работа за петто славје во седмиот натпревар со што ја заокружи оваа прва фаза од оваа фаза на натпреварувањето.

Родригез со девет и Јасухира со шест гола беа најдобри стрелци кај Вардар, додека Николов за Бутел имаше осум реализации.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни