Поврзете се со нас

Свет

Уругвајците го промовираа новиот селектор Биелса со специјално видео

Објавено

на

Уругвајската фудбалска федерација официјално го промовираше Марсело Биелса за нов селектор, а тоа го направи со специјално подготвено видео.

Искусниот тренер ќе ја преземе јужноамериканската репрезентација, која постигна разочарувачки резултати на последното СП во Катар, на кое Уругвајците не успеаја да ја минат првата фаза.

Биелса беше без ангажман од минатата година кога го напушти Лидс Јунајтед, а сега постигнал договор со Уругвајците до 2026 година, односно до следното Светско првенство.

Биелса ќе биде прв Аргентинец на позицијата уругвајски селектор по цели 22 години, кога таа функција ја извршуваше Даниел Пасарела.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни