Поврзете се со нас

Европски првенства

УЕФА го најави дуелот со Австрија: Тимот на Игор Ангеловски сега е поинакво „животно“

Објавено

на

Фудбалската репрезентација на Македонија денеска со почеток од 18:00 часот го игра првиот, историски натпревар на едно големо натпреварување против селекцијата на Австрија.

И додека сите Македонци со нетрпение го очекуваат натпреварот, од УЕФА ја најавија средбата со Австрија и не претставија на одличен начин.

Од Европската куќа на фудбалот посочија дека победата над Германија сигурно ќе ни ја крене самодовербата, а  исто така напишаа дека репрезентацијата сега е поинакво „животно“ од претходните натпревари кои ги игравме со Австрија и кои ги загубивме.

– Австрија два пати ја победи Македонија во квалификациите, добивајќи ги со 4:1 во Скопје и 2:1 во Виена. Последниот меѓусебен натпревар беше во ноември, 2019 година, а тимот на Игор Ангеловски од тогаш е поинакво „животно“ откако успеа да остане непоразен на осум натпревари со ред во серија која трае во 2019 и 2020 година. Нивното ниво на самодоверба порасна по неверојатната победа против Германија во март.

– Нивната задача е сега да докажат дека нивното деби на големото натпреварување не е случајно, а Австрија сигурно ќе мора да се помачи за да ја обезбеди првата победа на Европското првенство. Ова за Австријците е трето учество на завршницата на ЕУРО, -стои во најавата на денешниот историски натпревар за нас.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни