Поврзете се со нас

Шпанија

Ударна вест од Каталонија: Барселона ќе го комплетира првиот голем трансфер до крајот на денот (Фото)

Објавено

на

foto:twitter.com/ManCity

Чави Ернандес јасно посочи дека тимот мора да се подобри во средниот ред по крајот на сезоната, што воедно беше неговот ургентно барање до првиот човек на клубот, Жоан Лапорта.

Првиот тим на Барселона нема да биде ист без капитенот Серхио Бускетс и Чави нагласи дека мора да се купат двајца везни фудбалери, од кои еден по се изгледа ќе биде Илкај Гундоган.

Најреномираните медиуми од Каталонија и Шпанија ова попладне излегоа со ексклузивни информации дека германскиот репрезентативец донел одлука за својата иднина, а тоа е продолжување на кариерата во Барселона.

Гундоган беше клучен играч во историската сезона на Манчестер Сити во која беше освоена триплетата, но по долго размислување, сепак решил да не продолжува како „граѓанин“ и да се пресели на „Камп Ноу“.

Илкај дал зелено светло за комплетирање на зделката и како слободен агент ќе потпише двогодишен договор со Барселона, со опција истиот да биде продолжен за уште една дополнителна сезона.

Угледните „Мундо Депортиво“, „Спорт“ и „Марка“ ексклузивно објавија дека работата треба да биде комплетирана до крајот на денот, а спортскиот директор Матеу Алемани веќе е „уловен“ во Минхен каде ќе води завршни разговори со Гундоган.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни