Поврзете се со нас

Италија

Тренерот на Монца му возврати на Мурињо: Клупата на Рома се однесуваше скандалозно

Објавено

на

foto: https://www.facebook.com/ACMonza

Монца може да биде задоволна од освоениот бод против Рома, екипа која се бори за пласман во Лигата на шампионите, а тренерот Рафаеле Паладино има целосно поинаков став за судењето на Даниеле Кифи и случувањата на и покрај теренот.

Жозе Мурињо истакна дека Кифи бил најслабиот судија кој му делел правда во тренерската кариера, но Паладино возвратил на поинаков начин.

– Мислам дека Кифи имаше перфектен натпревар, не забележав ниту една грешка од негова страна.

– Од друга страна, досега немам видено такво однесување на една клупа. Клупата на Рома протестираше без престан, од почеток до крај на натпреварот, се однесуваа скандалозно.

– Протестирав кај четвртиот судија бидејќи такво нешто не смее да се дозволи, сега ми е жал што нема да можам да го прегрнам мојот пријател Јуриќ, – изјавил Паладино.

Паладино доби жолт картон и поради тоа ќе биде суспендиран за дуелот со Торино во следното коло.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни