Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Тренерот на Флензбург си најде алиби за уверливиот пораз во Скопје: Ова не беше фер натпревар

Објавено

на

По два одложени меча од страна на ЕХФ и после цел месец пауза, Вардар ја оствари првата победа во новата сезона во Лигата на шампионите, покажувајќи го своето најдобро лице од стартот на подготовките во дуелот со Флензбург.

Тимот предводен од Стевче Алушовски ги контролираше случувањата на теренот во најголем дел од мечот и сосема заслужено славеше со пет голови разлика на крајот од средбата (31:26), но ниту уверливиот пораз не го натера противничкиот тренер спортски да го прифати поразот.

Факт е дека Маик Макула му честиташе на Вардар за остварениот триумф, но имаше сериозни забелешки за арбитражата на црногорските судии Иван Павичевиќ и Милош Ражнатовиќ и ги обвини за нефер судење во Скопје.

– Му честитам на Вардар за победата, не бев задоволен од она што го прикажавме во првите 15 минути од мечот. Како што одминуваше мечот, наоѓавме се подобри решенија, но наидовме на отпор и кај судиите. Обично не зборувам за судиите, но сега мора да се осврнам и на нив.

– Ова што се случуваше не беше фер судење, судиите не ни дозволија да има фер натпревар и верувам дека на сите им беше јасно што се случува. Лоши вести за нас се и двајцата повредени играчи, ова не е добар меч за нас, – изјави Макула по поразот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни