Поврзете се со нас

НБА

Теренот на Денвер заработи многу критики, домаќините ја промашиле и линијата за три поени (Видео)

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/nuggets

Новото натпреварување во НБА започна со седум натпревари одиграни утринава, а претставува копија на европските клупски натпреварувања, со таа разлика што резултатите од НБА купот се сметаат и во ефектот за регуларниот дел од сезоната.

Денвер го пречека Далас во својот прв дуел од групната фаза, а Никола Јокиќ го предводеше шампионот со одличен процент на реализација и учинок во кој му фалеше асистенција за трипл-дабл.

Сепак, она што привлече внимание на оваа средба беше и специфичниот дизајн на теренот на Нагетс, а за истиот има многу негативни коментари на социјалните мрежи.

– Овој терен ми ги повредува очите и Денвер треба да биде дисквалификуван поради теренот, се само дел од коментарите поврзани со теренот кој ќе биде употребуван за натпреварите од новиот турнир, нешто што ќе биде реализирано и од другите клубови.

За ситуацијата да биде уште побизарна, задолжените за дизајнот на новиот терен ја промашиле линијата за три поени, па истата била одново обележувана на денот на натпреварот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни