Поврзете се со нас

АБА лига

Страшно АБА дерби во Белград: Партизан се врати од „минус 21“, но Звезда сепак го зададе последниот удар

Објавено

на

Foto:twitter.com/kkcrvenazvezda

Четвртата епизода меѓу Црвена Звезда и Партизан оваа сезона се играше во АБА лигата, па во меч со многу подеми и падови, на крајот посреќни и похрабри беа домаќините кои малку фалеше да прокоцкаат предност од над 20 поени.

Звезда фуриозно го отвори дербито и после само две ипол минути имаше предност од 9:0, а оваа предност само растеше како што одминуваше првата, но и втората четвртина.

Во вторите десет минути, Звезда стигна до максимални 21 и се чинеше дека Партизан е премногу грогиран за да се надева на враќањето, но како и многупати на дерби пресметките, следеше драма во вториот дел.

Партизан успеа да се прибере и беше посебно подобар во последната четвртина, во која на 11 секунди пред крај првпат успеа да израмни на 86:86 со три слободни фрлања на Нанели.

Американецот беше прецизен и донесе тензија до самиот крај, но последниот удар го зададе Звезда, или поточно Јаго го постигна поени за победа на три секунди пред крајот. Партизан одново имаше шанса и доби напад за победа, но Аврамовиќ не погоди тројка и домаќините почнаа да ја славата големата победа.

Нанели со 19 поени беше најефикасен на паркетот, Камински постигна еден помалку, додека кај Звезда Ханга беше најдобар со 15 поени, а Болмобој запиша 14 поени и 13 скокови.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни