Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Стоилов блескаше, Вардар доминираше против Флензбург

Објавено

на

Ракометарите на Вардар го надиграа и заслужено го победија бундеслигашот Флензбург (31:26) во натпревар од групната фаза на Лигата на шампионите.

Гостите имаа минимална предност само на почетокот, а потоа Вардар ја презема контролата, во финишот на првиот дел набрзина прими два гола за 17:15, со што Флензбург најави дека се уште не се откажува од позитивен резултат во Скопје.

Но, Вардар не запре и во вториот дел и предводен од одличниот Стојанче Стоилов, ја одржуваше предноста постојано за сигурна победа од 31:26.

Стоилов го заврши натпреварот со 8 голови, додека Дизингер и Јотиќ го завршија дуелот со по 5 погодоци во мрежата на Бергеруд, односно Буриќ.

Во редовите на Флензбург, најефикасен беше Јоханесен со 7 голови, а Јендал стигна до 4 голови.

За Вардар ова е прва победа сезонава во Лигата на шампионите, откако ова беше само втор натпревар и прв на домашен терен.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни