Поврзете се со нас

Англија

Сити доби посакуван ривал во полуфиналето на ФА Купот

Објавено

на

Познати се три од четирите екипи кои ќе играат во самата завршница на ФА Купот, но иако дуелот меѓу Манчестер Јунајтед и Фулам е во тек веќе се познати паровите, поточно кој со кого ќе вкрсти во полуфиналната рунда која ќе се игра на „Вембли“.

Полуфиналните пресметки се закажани за 22 и 23 април со тоа што веќе една имаме формирано-тоа е онаа меѓу Манчестер Сити и Шефилд Јунајтед. Сити вчера го прегази Барнли на Дарко Чурлинов со 6-0, додека пак денеска Шефил Јунајтед го доби трилерот против Блекбурн со 3-2.

Ова значи дека „граѓаните“ ќе имаат голема шанса да играат во финалето затоа што ќе бидат апсолутно фаворити против составот од Чемпионшип лигата.

Кога е во прашање вториот пар, Брајтон немаше никакви проблеми против Гримзби (5-0) и сега мирно ќе го испрати мечот на „Олд Трафорд“ кој  ќе го даде последниот полуфиналист, ривалот на избрнаиците на Де Ѕерби.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни