Поврзете се со нас

Свет

Шортс промаши тројка за продолжение, Париз го претрпе првиот сезонски пораз (ВИДЕО)

Објавено

на

Екипата на Париз за која настапува македонскиот репрезентативец, Ти Џеј Шортс го претрпе првиот сезонски пораз во првата лига на Франција.

Домаќините одиграа борбен натпревар и водени од своите навивачи се изборија за тесен триумф од 81:78. Средбата можеше да заврши и поинаку ако Шортс погодеше со звукот на сирената и го однесеше мечот во продолжение, ама неговиот обид беше неуспешен по што започна славјето на Нанси.

Македонскиот репрезентативец одново беше прв стрелец во Париз со 17 поени на кои додаде 2 скока и 7 асистенции, додека кај победникот Мејсон и Џонсон реализираа по 19 и 17 кошеви.

Париз со учинок 4-1 се наоѓа на третото место на табелата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни