Поврзете се со нас

Англија

Роналдо ги одбележа трите бода на Јунајтед и отвори дебата меѓу фановите (Фото)

Објавено

на

Кристијано Роналдо влезе во второто полувреме на дуелот меѓу Саутемптон и Манчестер Јунајтед и беше дел од значајната победа на својот тим.

Португалецот одамна е на излезна врата од „Олд Трафорд“, па веќе не е во прв план и кај менаџерот Ерик тен Хаг, а неговото однесување надвор од теренот веќе разгневи добар дел од фановите на Јунајтед.

Иако неговиот менаџер активно преговара за трансфер, Роналдо денеска реши да ги одбележи трите освоени бода преку своите профили на социјалните мрежи, а тоа очекувано донесе и жестока дебата меѓу фановите.

Дел од нив сметаат дека веќе не му е ни важно какви резултати постигнува екипата, дел му се заблагодарија за соработката, но останува голем бројот и на тие кои имаат само комплименти за Португалецот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни