Поврзете се со нас

Свет

Ривалдо: Роналдо треба да се врати во Реал и таму да ја заврши кариерата

Објавено

на

Foto:twitter.com/AlNassrFC_EN

Прославениот бразилски ас, Ривалдо сака одново да го види Кристијано Роналдо во дресот на шпанскиот великан Реал Мадрид.

Роналдо од оваа календарска година е дел од Ал Наср од Саудиска Арабија, клуб во кој заработува вистински богатство, меѓутоа според Ривалдо парите не можат да го направат човекот да биде среќен.

-Играчите пoнекогаш се измамени со големи договори кои ги потпишуваат во Саудиска Арабија. Сепак, таму има затворен живот, а фудбалот не е лесен како што се мисли, -вели Бразилецот и додава:

-Фудбалерот може да мине низ фазата на разочарување или дури и да размислува за промена на клубот ако парите што ги добива не се доволни за среќен живот. За него и фудбалот би било добро да се врати во Реал и таму да ја заврши кариера, -заклучи Ривалдо.

Португалецот скоро една деценија мина во Реал Мадрид, имаше фантастични партии, освои многу титули, но тешко е да се верува дека на 38 години одново ќе се врати на „Сантијаго Бернабеу“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни